ЖивотниПопуларно

Крава со човечка ДНК произведува млеко кое содржи високи нивоа на човечки инсулин

Tим од научници од Универзитетот во Илиноис, Урбана-Шампејн и Универзитетот во Сао Паоло, Бразил, пронајдоа радикален нов начин за производство на инсулин!

Станува збор генетски мофицирана крава која произведува човечки инсулин во своето млеко.

„Мајката природа ја дизајнираше млечната жлезда како многу ефикасна фабрика за производство на протеини“, вели професорот по животински науки на Универзитетот во Илиноис, Мет Вилер, главен автор на новиот труд објавен во списанието “Biotechnology”. „Можеме да го искористиме тој систем за да произведеме протеин кој може да им помогне на стотици милиони луѓе ширум светот.

Како што е наведено во нивниот труд, истражувачите вметнале сегмент од човечка ДНК како претходникот на активниот инсулин наречен проинсулин во клеточните јадра на десет кравји ембриони.

Од десетте ембриони, едно генетски модифицирано теле е родено во Бразил. Откако созреала, кравата била оплодена и стимулирана на лактат со помош на хормони.

На нивно изненадување, кравата не само што произведувала проинсулин, туку дури и инсулин во нејзиното млеко.

„Нашата цел беше да направиме проинсулин, да го прочистиме до инсулин и да одиме оттаму“, рече Вилер во изјавата. „Но, кравата во основа сама ја преработува. Таа произведува околу три спрема еден биолошки активен инсулин до проинсулин“.

„Млечната жлезда е магична работа“, додаде тој.

Генетски модифицираната крава произвела еквивалент на еден грам инсулин по литар – значителна количина, бидејќи ви треба само дел од милиграм по доза.

„Тоа значи дека секој грам е еквивалентен на 28.818 единици инсулин“, објасни Вилер. „И тоа е само еден литар; Холштајн кравите може да произведат 50 литри дневно. Можете да направите математика“.

На тој степен, Вилер тврди дека другите методи за производство на инсулин, вклучително и генски модифицирани квасец и бактерии, наскоро би можеле да бидат надминати од специјализираните млечни говеда.