Животни

Преслатко видео: Мајката го напуштила малото јаре, го посвоило планинско куче

Малиот Кловер бил напуштен од неговата мајка набрзо по раѓањето, но потоа бил посвоен од Бристол, кој се грижи за напуштеното јаре веќе два месеци.

Се чини дека секој има понежна страна, дури и Пиринејските планински кучиња. Тие се меѓу најдобрите и најхрабрите чувари на стадото, а сега покажаа колку се нежни.

Токму за ова зборува видеото од TikTok кое стана вирално.

Една корисничка на TikTok, која се вика@bristolloveslucy, сподели клип во кој се прикажува нераскинливата врска помеѓу нејзиното женско пиринејско планинско куче по име Бристол и јарето по име Кловер.

Малиот Кловер бил напуштен од неговата мајка набргу по раѓањето, но потоа бил посвоен од Бристол, кој се грижи за напуштеното јаре веќе два месеци.

Оттогаш тие двајца се неразделни“, напишала нивната сопственичка.