Животни

Фамилија од САД, во кутија чизми “по грешка” прати мачка по пошта

Американско семејство повторно се соедини со својота мачка која случајно била испратена по пошта стотици километри од дома, во Калифорнија, во пакет со работни чизми

Мачката Галеана на почетокот на месецот исчезнала од својот дом во државата Јута и била организирана потрага по неа.

Сопственикот одлетал во Калифорнија и ја донел мачката дома
Една недела подоцна ја спасил вработен во Амазон, наоѓајќи ја во еден од пакетите испратени од семејството со вратена стока, каде скокнала Галеана.

„Галеана сака кутии, тоа е дел од нејзината личност“, рече сопственичката Кери Кларк, објаснувајќи како семејната мачка завршила толку далеку од дома.

Во кутијата во која мачката скокна имаше големи работни чизми. За среќа, еден раб на кутијата се отвори и имаше воздух, а исто така беше заштитена од временските неприлики, а кога конечно беше ослободена, беше во добра состојба.

Сопствениците биле идентификувани со чип, а ветеринарот го повикал Кларк и објаснил што се случило.

Отпрвин г-ѓа Кларк мислеше дека некој се шегува, а потоа настана радост и возбуда.

Таа и нејзиниот сопруг летаа 1.000 километри до Калифорнија и ја вратија Галеана дома.