ЗабаваПопуларно

(ВИДЕО) Го уапсија на сред Греми, полицијата го изнесе раперот со лисици

Во видеото кое со часови кружи на интернет, Мајк со лисици на рацете е однесен од полицајци од салата каде што се доделуваа наградите. Портпаролот на полицијата, полицаецот Мајк Лопез изјавил дека раперот бил уапсен по расправија внатре во местото. „TMZ“ пишува дека Килер Мајк нокаутирал чувар кој работел на обезбедување на Греми.

Интернетот е преплавен со снимки како полицијата го изнесува раперот од салата.

Музичарот, чие вистинско име е Мајкл Рендер, бил пуштен на слобода во 20:37 часот по локално време и треба да се појави пред судот на 29 февруари во Лос Анџелес.