Забава

(ВИДЕО) Жестока тепачка на плажа! Жени се испотепале пред децата, а причината е повеќе од бизарна

Високите температури ширум регионот довеле до конфликт во познато италијанско летувалиште меѓу две припаднички на понежниот пол, кои решиле спорот околу лежалките во првиот ред да го решат со физичка пресметка.

Безопасната расправија прераснала во жестока тепачка, а во целата ситуација се вмешала и спасувачката служба. Сè се одвивало во местото Варкатуро, во близина на Неапол.

Како што пренесуваат медиумите, до конфликтот дошло кога една од жените наводно побарала лежалка на плажата и „експлодирала“ кога тоа ѝ било ускратено. По првичното туркање, неименуваните жени почнале да се кубат за коса, а потоа и самиот конфликт ескалирал.

Имено, дури и оние кои се обиделе да ги разделат, почнале физички да се пресметуваат, а во еден момент не се знаело кој кого тепа. Гледајќи дека обичната тепачка се претвора во сериозна тепачка меѓу жените, се вклучиле и спасувачите.

Како што е наведено, до конфликтот на плажата во Варкатуро, во близина на Неапол, дошло кога една од учесничките во конфликтот барала таа и нејзините другарки да добијат лежалки во првиот ред.

Видеото од конфликтот на својот Фејсбук профил го објави италијанскиот пратеник Франческо Емилио Борели, кој на крајот побарал од локалните власти остра реакција на оваа пресметка, бидејќи, според него, била загрозена јавната безбедност.

„Било потребно повеќе од половина час за да се смири конфликтот. Се соочуваме со вртлог на слепо и немотивирано насилство на кое никој не е имун. Тепачка на жени среде бел ден, пред семејствата и децата. За што? Лежалки покрај морето. Бараме жените кои учествувале во тепачката да се идентификуваат и да се казнат“, напишал Емилио меѓу останатото во својата објава.