Забава

Ги остави сопругот и децата поради 9 години помлад маж, кој подоцна ја “шутна”: Сега го покажа своето тело во сосема проѕирна маичка

Оливија Вајлд ги остави без зборови присутните кога се појави на модната недела во Париз облечена во боди и тесно здолниште.

Дивото и непречено издание на актерката Оливија Вајлд ги остави сите без здив. Имено, актерката се појави на модната недела во Париз, на ревијата на Ив Сен Лоран облечена во проѕирно боди под кое јасно се гледаа нејзините гради и тесно здолниште до колена.

Насмеаната и задоволна актерка им позираше на присутните фотографи, а на ревијата седна до Моника Белучи.

Актерките се гушкаа и весело разговараа додека траеше ревијата, а присутните можеа да видат дека Оливија изгледа среќно и задоволно.

Не толку одамна таа стана актуелна со нејзината ненадејна одлука да ги остави сопругот и децата и да започне врска со 9 години помладиот музичар и актер Хари Стајлс.

Имено, Оливија го напушти Џејсон Судеикис со кој беше во врска повеќе од 10 години и со кој има две деца. Двојката се раздели откако актерката сними самопродуциран филм со Хари Стајлс во главната улога.

Кратко по филмот, двојката неколку пати беше видена заедно, а Оливија го остави претходниот живот за да живее со младиот актер. Се чини дека фасцинацијата не била взаемна, бидејќи за неколку месеци Хари ја остави Оливија и започна нова врска.

Оливија не излегувала со други мажи од тој момент. Деновите ги поминува во теретана, напорно вежба и работи на себе, па многумина велат дека дури сега е „сама“ и дека никогаш не била позадоволна од својот живот.

Задоволството се гледа на лицето на актерката која среќно им позирала на фотографите, свесна дека никогаш не изгледала подобро.