Забава

Дојде лето! Еве како оптимално да го користите вашиот клима уред

Доколку сеуште не сте отидено на одмор и сте во Македонија, животот без клима во овие горештини навистина може да биде неиздржлив. Еве како оптимално да ја користите климата а сметката на крајот од месецот да биде помала од обично!

Високите температури го диктираат користењето на климата како неопходност за удобен живот, но истовремено се поставува прашањето колкава ќе биде сметката за струја доколку климата работи континуирано.

Експертите истакнуваат дека поефикасно е климата да работи со полна моќност и пократко, отколку да работи во пократки интервали со помала брзина или да се вклучува во текот на денот на иста температура. Освен што ќе заштедите пари, целосното функционирање на клима уредот ќе ја истера и влагата од просторијата, што е особено важно во влажни услови.

Важноста на термостатот

Поставувањето на термостатот на клима уредот на повисока температура може значително да придонесе за заштеда на енергија. Според некои податоци, секој степен повисок на термостатот може да резултира со заштеда на енергија од три до пет проценти. Се препорачува клима уредот да работи на 26 степени за да се постигне максимална заштеда на енергија.

Ова е особено корисно од гледна точка на зачувување на животната средина и намалување на влијанието на климатските промени.

Оптимална употреба на климата

Кога станува збор за одржување на оптимални услови во просторијата, важно е клима уредот да се сервисира редовно за да се одржи неговата ефикасност. Исто така, се препорачува редовно да се чисти филтерот за да се осигура дека клима уредот не троши повеќе енергија отколку што е потребно.

Исто така, добро изолираните простории придонесуваат за поефикасно користење на климата, што дополнително може да придонесе за заштеда на енергија.

Користењето климатизација е неопходно во повеќето климатски подрачја, но со одредени практики може да се постигне значителна заштеда на енергија. Редовно одржување на клима уредот, оптимално поставување на термостатот и користење на клима уредот со полна моќност се само дел од чекорите кон поефикасно користење на овој систем за ладење на просторот.