Забава

Кригла пиво 1.100 денари, половина пиле 3.000 денари! Пеколни цени на познатиот фестивал на пивото

Од 21 септември повторно се отвора 189. Октоберфест во Минхен, со мотото: „O’zapft is!

Првите фестивалски шатори веќе ги објавија своите менија за оваа година. И оваа година е јасно дека посетителите ќе мора длабоко да си брцнат во џебот.

Посетителите мора да издвојат меѓу 800 и 900 денари за литар пиво. Во шаторот за вино Kufflers цената на литар пченично пиво е 1.100 денари.

Значително поскапеа и безалкохолните пијалаци. На пример, литар трпезна вода во винскиот шатор чини 800 денари.

Во шаторот Пауланер, цената за половина печено пилешко е 1.400 денари, без прилози. Половина пилешко со црвена зелка и кнедли од компир чини 2.500 денари. Печеното свинско месо чини 1.600 денари. За споредба, во пабот Paulaner на Нокерберг обично чини 1.200 динари.

Во фестивалскиот шатор Bräurosl, половина свинска коленица со кнедли од компир чини 1.500 денари. Ако ви се допаѓа нешто малку понеобично, навечер можете да уживате и во стек Томахавк од 1.100 грама, кој во Bräurosl чини 11.000 денари. Според менито, овој стек ќе нахрани „две до четири лица“.

За оние со “сладок заб”, успешната посета на Октоберфест често го вклучува класичниот Кајзершмарн. Во популарниот шатор Käfer цената за тој десерт е 1.300 динари по лице, пишува fenix-magazin.de.

Октоберфест: Често поевтино за време на ручек

За да заштедите пари, се препорачува да го посетите Октоберфест напладне. Некои шатори нудат поевтини опции за ручек. Во Стубн во Минхен, на пример, во тек е кампања во која до 17 часот можете да набавите два литра пиво по цена за едно. Специјални цени за семејства има и во вторник до 19:00 часот.