Забава

Најавена втората сезона на хит серијата “Squid Game”

Втората сезона на хит-серијата на Нетфликс набрзо ќе почне со прикажување

За тие од вас што се љубители на ТВ серии а ја немаат гледано, би било препорачливо да се гледа првата сезона пред да излезе втората. Станува збор за брутална корејска приказна за натпреварување во кое учесниците се убиваат и победникот на крај добива голема сума на пари. Squid Game брзо стана хит на Нетфликс. Во првите четири недели по премиерата, серијата постигна рекордна гледаност и ги засени други хитови на Netflix.

Во 2022 година, еден од претставниците на Нетфлиск гостуваше во CNN и кажа „Squid Game е серијата со највеќе прегледи на нашиот сервис“. Таа всушност е првата корејска серија на Нетфликс платформата која го достигнала првото место во Америка, привлекувајќи 1.65 милијарди прегледи во само 28 дена по објавувањето.

На официјалната страна на Нетфликс е објавен и првиот трејлер од втората сезона на хит-серијата. Иако не е соопштен точниот датум на прикажување, јасно е дека ќе биде во текот на 2024 година.

Трејлерот може да го видите во видеото подолу: