Забава

Раскинаа пред 35 години, а сега поради неговото невнимание МОЖЕ ДА НАСЛЕДИ МИЛИОН ДОЛАРИ: Браќата се обидуваат да ја оспорат спогодбата, но судот е на нејзина страна

Маргарет Лосинџер (68) од Америка би можела да наследи милион долари од пензискиот фонд на нејзиното поранешно момче Џефри Ролисон, кој почина на 59-годишна возраст.

Маргарет и Џефри беа во врска во дваесеттите години, но раскинаа бидејќи имаа различни погледи за иднината.

Џефри ја именуваше Маргарет како корисник на неговиот пензиски фонд додека тие сè уште беа заедно, но никогаш не ја ажурираше полисата.

Браќата започнаа судски спор

Освен неа, во поголем шок биле и браќата на нејзиното поранешно момче. Ричард и Брајан Ролисан. Кога дознале дека сумата од 1,15 милиони долари нема да ја наследат тие, туку поранешната девојка на нивниот починат брат, па така започнале судски спор.

Тужбата на Сем Лосинџер ја вклучува и компанијата P&G, каде што работел Џефри, тврдејќи дека таа навремено не го известила нивниот брат за промена на неговото име во полисата.

Негрижата на нејзиното поранешно момче и донесе милион долари

Тие тврдеа дека пораките и мејловите што му ги испратиле на нивниот брат за процедурата за промена биле нејасни и дека Џефри можел погрешно да ги протолкува. Сепак, судот застана на страната на компанијата и Маргарет.

Ричард и Брајан Ролисон не се откажале и се жалеле. Доколку судот пресуди во нивна корист, тоа би можело да го промени исходот на оваа приказна. Ако не, Маргарет Лосинџер ќе наследи 1 милион долари од пензискиот фонд на своето поранешно момче.