Забава

Свадбената ноќ се претворила во хорор: Сопругата го оставила сопругот на првата брачна ноќ, се вклучиле роднините

Неговото семејство сака да се сретнат и да разговараат за нејзиното однесување, а иако сите ја советуваат да се извини, таа не може да го направи тоа.

Жената била пресреќна кога нејзиното момче ја запросило по осум години врска. Меѓутоа, како што споделила во објава на Редит, подготовките за венчавката и самата венчавка се претвориле во вистински хорор, поради што го оставила сопругот само 12 часа по церемонијата!

„Ние потекнуваме од различни семејства. Отпрвин бевме во врска на далечина, пред да се преселам во друга земја и да почнам да живеам со него. Тој е многу приврзан за семејството, што често предизвикуваше проблеми во нашата врска. Иако поставивме одредени граници и ситуацијата се подобри, по веридбата се тргна наопаку“, вели таа и додава:

Сакав мала, интимна свадба на убава дестинација, но неговото семејство веднаш го одби тој предлог и сакаше голема свадба блиску до неговиот роден град. Се согласив, иако неволно, но тука не беше крајот на проблемот. На денот на венчавката, имаше жестока расправија со неговото семејство околу нивните промени во последен момент – тие ги заменија цветните аранжмани што ги избирав со месеци, ги исфрлија моите рачно изработени украси и ја сменија бојата на чаршафот. Со сето тоа не добив никаква поддршка од мојот иден сопруг“.

На крајот на краиштата, првата брачна ноќ завршила со неа запоставена, а таа решила да се оддалечи и да ги помине следните денови со пријателка. Таа не зборувала со неговото семејство со месеци, а тие почнале да одат кај семеен терапевт.

Сега, неговото семејство сака да се сретнат и да разговараат за нејзиното однесување, а иако сите ја советуваат да се извини, таа не може да го направи тоа. „Не сакам да ја преземам целата вина на себе и да се преправам дека нивното однесување не ме повредило. Не знам како да го решам овој проблем“, заклучила таа, пишуав Мирор.