ЗабаваПопуларно

Силвестер Сталоне : “Никогаш не изигравајте каскадер во свои филмови” – Откако се здоби со тешки повреди на снимање

Силвестер Сталоне советува кога се во прашање акробации во филм, оставете го тоа на професионалците. Овој совет доаѓа од лично искуство откако Сталоне имаше многубројни повреди во текот на снимањето на филмот “Expendables” од којшто не може да заздрави.

Сталоне дури даде детали за што точно збори. Имено, во филмот тој беше соборен е колегата и екс кечер Стив Остин. Како резултат од сцената, Сталоне се здоби со исчашени рамења, фрактура на врат, и од тогаш имал 7 операции на грбот. Морало да му се вметне метална плоча во вратот, а исто така и фузија на ‘рбетниот столб.

Зборувајќи за незгодата, Сталоне кажа “Направив глупост. Бев директор на Expendables, и како идиот, ја повторуваме истата сцена 10 пати, и се сеќавам на еден удар што пукна гласно. Стив веднаш му стана јасно”, потоа продолжи “Никогаш не се оправив од тоа. После тој филм не бев истиот. Затоа ве предупредувам, не ги правете своите акробации во филм!”

Жената на Сталоне, Џенифер Флавин кажа “Тој не сака да сите да знаат колку операции има направено на грбот. Се надевам дека следнава операција ке му помогне да живее по комотен живот.”