Забава

Скандалозна исповед на жена: „Ми се гади од постариот сопруг, се чувствувам заробена“! Решила да побара млад партнер

Џенет (51) отворено го изразува своето незадоволство од бракот со 76-годишниот сопруг Џон, признавајќи дека се чувствува заробена во неговата врска и дека бара помлад маж со кој може да има афера.

Џенет истакнува дека некогаш била заљубена во Џон, но дека привлечноста со текот на годините исчезнала, а нивниот брак станал празен, без интимност.

Покрај физичките проблеми што сега ги има нејзиниот сопруг, Џенет се жали и на недостатокот на внимание и интерес за неа, поради што таа се чувствува осамено и фрустрирано.

Џенет пред девет месеци почнала со хормонски третман кој и го вратил либидото, што ја поттикнало да бара задоволство надвор од бракот.

Така влегла во врска со помлад маж, што и дало чувство на возбуда и задоволство што не можела да го најде дома, пишува “The Sun”.

Иако признава дека бракот со богат постар маж и донел одредени материјални придобивки, Џенет смета дека изгубила многу повеќе емотивно и физички.

Таа се чувствува заробена во нејзиниот брак, но останува со Џон поради вина и грижа за нивниот син.

Џенет ги повикува другите жени внимателно да размислат пред да се омажат за многу постар маж, предупредувајќи дека луксузот и финансиската сигурност не можат да ги заменат љубовта и страста, кои можат да избледат со текот на времето.