Забава

(Фото) Професор на медицински факултет нашол „мито“ од 10 денари индекс, ова е неговата реакција

Душан Милисављевиќ, познат професор на Медицинскиот факултет во Ниш, за време на изминатиот испитен рок во индекс на еден студент пронашол пари.

Но, пред да помислите на најлошото, станува збор за 10 динари и 10 денари, кои академците често симболично ги оставаат за среќа, бидејќи веруваат дека така ќе привлечат 10-ки. По тој повод, професорот Милисављевиќ порачал:

„Јануарско-февруарски испитен рок. Неколку индекси и банкноти од 10 динари и 10 денари во индекс. Велат, тоа е за среќа да добијат 10-ки. Професорот им посакува среќа на сите, но за полагање на испит е потребно сериозно учење, а не суеверие“.

Едниот студент добил 10-ка, а другиот 8-ца. Веројатно учеле, а не поради суеверие.