Забава

Јутјубер успеа да се прикраде на островот на Џефри Епстин

Полпуларниот јутјубер Тајлер Оливеира неодамна објави видео на кое успева да го посети фамозниот остров на Џефри Епстин!

Островот наречен “Little St James”, стекна меѓународна популарност откако против Епстин беа поднесени обвиненија за напад и злоупотреба на деца.

Се претпоставува дека островот бил центар за неговите злобни активности.

Бидејќи Епстин е мртов веќе четири години, островот, заедно со друг покрај него наречен “Greater St James”, неодамна беше продаден на милијардерот инвеститор Стивен Декоф. Приватниот остров е строго забранет за аутсајдери, при што приватно обезбедување ги постојано ги патролира двата острови.

Без разлика, Оливеира успеа да влезе со помош на еден од неговите пријатели и успешно го сними своето патување до фамознио храм на Џефри Епстин.