ПопуларноСелебрити

Австралија го депортира бендот на Џек Блек откако посакаа атентатот на Доналд Трамп да биде “успешен следниот пат”

Моментал Холивудскиот актер Џек Блек и неговиот бенд “Tenacious D” се на турнеја во Австралија кај што ги посетуваат сите градови и непосредно настапуваат.

Во неделата на настапот во Сиднеј, еден од членовите на групата Кајл Гас, на кого му беше роденден, среде настап беше прашан која му била роденденската желба а тој одговори “Не го промашувајте Трамп следниот пат”.

Одговорот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи а имаше и одговор од австралискиот сенатор Ралф Бабет кој им порача дека во Австралија, нема место за тие што посакуваат атентати на други.

Во неговото писмо до јавноста тој изјави – “Tenacious D мора да бидат веднаш депортирани од Австралија откако посакаа убивање на Доналд Трамп”

“Го осудувам на најстрог можен начин повикот за насилство. Да посакаш или повикаш други на смрт на претседател е една од најгрдите, одвратни, злобни работи и не е прифатливо под ниеден услов. Ова не беше шега, тој беше многу сериозен кога посака тоа што го посака.”

“Било што помалку од депортација е поддршка за пукањето и неуспешниот атентат на Доналд Трамп, 45тиот а најверојатно и 47миот претседател на САД”

По изјавата на сенаторот Бабет, сите настапи од турнејата на бендот беа откажани а изјава даде и Џек Блек во која кажа дека тој сметал “дека не било во ред” да ја продолжи турнејата и не очекувал неговиот колега да го каже тоа што го кажал.

https://twitter.com/KosherCockney/status/1813183394869547214

Џек Блек е еден од холивудските ѕвезди кој јавно го подржа Џо Бајден пред неколку недели тврдејќи дека е “демократијата e во прашање!”