ВестиПопуларно

Принцот Хари се враќа во Британија на важна годишнина: Татко му “нeма време” да го види

Принцот Хари (39) на почетокот на следниот месец ќе допатува во ретка посета на Велика Британија, откако неговата сопруга Меган Маркл (42), нивните деца и тој ги прекинаа сите врски со кралското семејство и го напуштија Обединетото Кралство во 2020 година.

Имено, војводата од Сасекс на 8 мај во лондонската катедрала Свети Павле ја слави десетгодишнината од меѓународната спортска манифестација “Invictus Games”, чијшто е основач.

Станува збор за спортски настан наменет за ранети, повредени и болни лица и воени ветерани.

Помладиот син на принцезата Дијана ги започна игрите во 2014 година. Се шпекулира дека Хари за време на патувањето може да го посети својот болен татко, кралот Чарлс, кој се бори со ракот, а се уште не е познато дали ќе му се придружи и остатокот од семејството.

Во меѓувреме, Бакингемската палата најави враќање на кралот на работа и истакна дека е постигнат напредок во неговото лекување.

Поради оваа причина, се шпекулира дека Чарлс нема да има време за долгонајавуваната средба со својот син.

Според The ​​Telegraph, наследникот на кралицата Елизабета има прилично исполнет распоред и нема доволно време за семејни состаноци. Кралот се повлече од јавниот живот поради рак на почетокот на годината, а неговите должности ги презедоа други членови на семејството .