ПопуларноТехнологија

Професор од Харвард тврди дека нашол парчиња ‘вонземска технологија’ во водите на Папуа Нова Гвинеа

Ави Лоеб, професор од Харвард е сигурен дека пронашол реликвии на вонземска технологија во остатоците од метеорот што се урна во морињата во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја во 2014 година.

Откако се најдени материјалите, тие се транспортирани назад до Харвард од страна на Лоеб и неговите колеги за понатамошни тестови. Вселенската Команда на САД изјавија дека со „голема самодоверба“ тврдат дека има 99.999% шанса дека материјалите потекнуваат од друг сончев систем.

Лоеб го лоцираше метеорот со помош на министерството за одбрана можеше да лоцира кај паднал метеорот врз основа на временското доцнење помеѓу пристигнувањето на бранот на експлозијата, бумот на експлозијата и светлината што брзо пристигна. Со помош на овие калкулации тие успееја приближно да го одредат патот на метеорот и да воспостават радиус од околу 10 километри за локацијата на метеорот.

Лоеб и неговиот тим отпловија во брод наречен ’Silver Star‘ кој од долу имаше прикачен голем магнет со чија помош го поминаа дното од океанот.

“Најдовме 10 сфери. Овие се речиси совршени сфери, метални џамлии. Кога ги ставивме под микроскоп, премногу се разликуваа од заднината. Тие имаат златна, сина и кафена боја, некој ме потсетуваат мене на планетата Земја” изјави Лоеб.

По тестирањето на составот на овие сфери, резултати покажаа дека се составени од 84% железо, 8% силикон, 4% магнезиум, 2% титаниум, и мали количини други материјали. Имаат ширина од речиси еден милиметар. Тимот на Лоеб успеа вкупно да најде 50 вакви сфери.

“Сферите имаат материјална сила што е поцврста од сите вселенски карпи што биле видени до сега, а каталогизирани од НАСА.”

“Ја пресметавме брзината на овие сфери надвор од Сончевиот систем. Брзината изнесуваше 60 километри во секунда, што е побрзо од 95% од сите ѕвезди во близина на сонцето. Фактот дека бил направен од материјали поцврсти дури и од железни метеорити и дека се движел побрзо од 95% од сите ѕвезди во близина на Сонцето, сугерира дека потенцијално може да биде вселенско летало од друга цивилизација или некој технолошки гаџет.” продолжи Лоеб.

Испитувањата во Харвард штотуку започнуваат и наредно што сака да тестира Лоеб е да види дали овие сфери потекнуваат од природата или се вештачки направени.