ВестиПопуларно

Слика вредна 1000 зборови: Експерт за говор на телото ја објасни врската на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Речиси сите членови на кралското семејство денеска се појавија на балконот на Бакингемската палата за да го прослават официјалниот роденден на кралот Чарлс Трети.


Откако ја испрати парадата на коњ, принцот Вилијам им се придружи на сопругата Кејт и нивните малечки. Имено, оваа кралска двојка не е видена заедно во јавност од божиќната прошетка во Сандрингем, минатата година на 25 декември.

Но, како што може да се види на фотографијата, двајцата се вљубени како никогаш до сега, коментира експертот за говор на телото, Џуди Џејмс.

„Моментот кога нивните погледи се сретнаа е најубавиот показател за нивната врска. Неговите црти на лицето покажуваат колку е горд на сопругата, на своето семејство, а повратниот поглед на Кејт и нејзината широка насмевка, полна со љубов, нема потреба да коментар“, изјави Џејмс за Daily Mail.

Џуди нагласи и дека говорот на телото на Кејт Мидлтон покажува што значи да се биде член на кралското семејство. Полна со стоицизам, без трошка самосожалување или драма, таа се покажа како вистински наследник на титулата. Таа, исто така, додаде дека принцот Вилијам покажува дека е вистинска поддршка и за неговата сопруга и за неговиот татко, кралот Чарлс III, бидејќи и двајцата се борат со злобната болест.