ЗабаваПопуларно

Таа препродава се што ќе најде во контејнер! За две години копање по ѓубре заработила над 70 илјади евра, клучот е во една финта! (ВИДЕО)

Тифани Батлер (34) за две години заработила 70.000 евра продавајќи работи што ги нашла во контејнери

На TikTok таа се пофали дека за две години „копање по ѓубре“ заработила повеќе од 74 илјади евра.

Тифани копа по контејнери два до три пати неделно и препродава се што ќе најде на интернет.

Таа неодамна пронашла девет пара сосема нови патики New Balance кои биле фрлени во ѓубре со приложени цени.

https://www.instagram.com/reel/C9nAY8WuWIU/?utm_source=ig_embed&ig_rid=c06f1b9e-778e-4099-83dc-4b43bea68f14

„Никогаш не знаете кога продавниците ќе ги фрлат работите. Се е прашање на среќа“, рече Тифани од Тексас, која има три милиони корисници на TikTok.

Тифани не се фокусира на сите градски контејнери, туку ги бара оние што стојат зад продавниците со висока класа на стока.

Во изминатите осум години, рече таа, нашла се што можете да замислите.

“Копањето” по контејнер е легално во сите американски држави.

Копачите на контејнери може да западнат во неволја само ако ги игнорира знаците за предупредување, навлегува во приватна сопственост или ја скрши бравата на контејнер, пишува New York Post.