ПопуларноТехнологија

13 годишно дете изгради ‘Зрак на смртта’ користејќи метод 2000 години стар основан од Архимед

Грчкиот иноватор Архимед наводно палел окупаторски бродови со зракови со помош на огледала. Овие зракови американците ги викаат ‘зраци на смртта’ а 13 годишно дете за саем на наука успеал да го рекреира примерот кој го објаснил Архимед пред повеќе од 2000 години!

Средношколец од Канада, Брендан Сенер, за проектот по физика успеал да направи функционирачи зрак на смрта, или “Death Ray” како што викаат американците. Иако Брендан не пробувал да запали нешто, тој сфати дека неговиот проект, направен од грејни лампи и огледала, значително ги загревал предметите кои биле ставени пред зракот.

Базирано од резултати на неговата сразмерно помала верзија, било заклучено дека всушност Архимед бил во право уште пред 2000 години! “Да беше поголема верзија, со поголем извор на топлење, дефитивино би било возможно” – кажаа судиите на саеамот за наука.

Зракот на смртта на младиот Брендан Сенер

Реплицирање на битката кај Сиракуза

Младиот Брендан ги учел сите наоди на Архимед “Поради фактот што Архимед е одлицен пронаоѓач, одличив да ги учам сите негови пронајдоци.

За време на опсадата на Сиракуза помеѓу 214 и 212 година п.н.е., римскиот генерал, Маркус Клаудиус Марцелус, се обидел да го нападне островот Сицилија.

Еден историчар во 12 век напишал дека со „наведнување на еден вид огледало кон сонцето“, Архимед „ја изгорел целата римска флота“. Писателот, Јоанес Зонарас, го засновал описот на записите на претходниот историчар од неколку стотини години по опсадата.

Во неговиот намален модел, Сенер користел грејни ламби за да го претстави сонцето. Малите конкавни огледала ја рефлектираа светлината на парче картон со „Х“ што ја означува целта.

„Проектот беше само помала верзија до која што можев да стигнам во реалниот живот“, рече тој.

Инфрацрвен термометар го мери зголемувањето на температурата секој пат кога Сенер додавал огледало. Со сијалица од 100 вати, првото огледало ја загреа целта за околу 46 степени целзиусови.

Додавањето на второ и трето огледало ја зголеми температурата за помеѓу 38 и 40 степени, додека четвртото огледало ја подигна за 50 степени на 128 степени целзиусови.