ВестиПопуларно

7-ца во Аеродром затворена поради откриено присуство на салмонела: 9 лица пријавиле труење

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат по добиено известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, вчера, 10.07.2024 година, спроведоа вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во скопски Аеродром.

Пријавени биле 9 случаи на труење, од кои пет лица со потврден лабораториски наод на Салмонела.

Три лица имале потврден наод за гастроентероколитис, а едно лице со Intoxicatio alimentaris или труење со храна, пренесува Skopje Info.

При контролата, според Агенцијата, констатирана е задоволително санитарно-хигиенска состојба во објектот.

„Сосовите со мајонез и кечап, како и плескавици и пилешки стек се од сопствено производство кои се доставуваат до објектот со соодветно возило за транспорт. Редовно се воделе и записи за добра хигиенска и производствена пракса. Вработените лица биле со уредни санитарни книшки“ информираат од агенцијата, пренесува Слободен Печат.

За да се утврди причината за труењето, од Агенцијата велат дека се земени пет мостри од храна.четири бриса од работна површина и три бриса од вработени лица.