Селебрити

Важеше за најубава жена на светот, а и по 20 години изгледа феноменално без грам “пластика” на себе: Погледнете ја во фустан со длабоко деколте

Францускиот моден дизајнер Симон Порт Жакемус неодамна одржа спектакуларна модна ревија на италијанскиот остров Капри, обединувајќи бројни познати убавици. Во првиот ред на ревијата седела и познатата француска актерка и манекенка Летиција Каста, која долго време немавме можност да ја видиме во јавноста.

Летиција Каста пленела со сексапил во едноставен, но многу провокативен фустан кој ја истакнал нејзината сензуалност и зрела женска убавина.

Славната Французинка носела долг, црн фустан кој ја следи линијата на телото во пределот на торзото, по што нежно паѓа, ширејќи се во големи набори. Но, посебен детаљ бил огромното деколте, кое навистина мамело погледи кај сите присутни.

Сепак, благодарение на нејзината вродена елеганција, Летиција никогаш не изгледа вулгарно, а тоа не било случај ниту сега. Таа останала верна на минимализмот, оставајќи ја оваа тоалета да зборува сама за себе, па не носела никаков накит.

46-годишната Каста се одлучила за миди боб извиткан во раскошни локни на краевите, а имала шминка во неутрални тонови.

Да потсетиме, Летиција на почетокот на милениумот важеше за една од најубавите жени на светот, а беше вистинска муза за модните дизајнери и фотографите.

Со прекрасните сини очи, бујната светла коса, полни усни и неправилната, но шармантна насмевка – оваа Французинка лесно го освои светот, а и покрај тоа што е на јавната сцена повеќе од две децении, нејзината убавина и понатаму не избледува, иако не е повеќе толку популарна како што некогаш беше.

Интересно е што Каста е една од ретките светски убавици која не подлегна на трендот на пластичната хирургија, туку решила да остане природна, достоинствена и можеби со понекоја брчка повеќе, но со неверојатна енергија и харизма.

Да потсетиме, Французинката покрај со манекенство активно се занимава и со актерство, а вратата во кинематографијата ѝ го отвори филмот „Астерикс и Обеликс против Цезар“ од 1999 година. По светскиот успех на филмот, славата на оваа дама се прошири надвор од границите на Европа, а Французите ѝ ја дадоа титулата „Marianne“, која го претставува симболот на нивната република и олицетворение на слободата на францускиот народ. На пример, пред неа оваа титула ја носеа Брижит Бардо и Кетрин Денев.