Селебрити

(ВИДЕО) Карлеуша потврди дека му испратила жешка порака на Бака Прасе: Како и секоја постара тетка, на крај ќе морам да те е**м!

Јелена Карлеуша неодамна доби интересна гласовна порака од Бака Прасе во која тој ја покани да разговараат во живо во неговиот стан на различни теми.

Набрзо следел шокантниот одговор на Карлеуша, кога му рекла дека долго го чекала тој повик, но дека подоцна ќе мора да го е*е, бидејќи така е со „постарите тетки“.

Сега Јелена за српски “Курир” потврди дека не се работи за вештачка интелигенција (АИ), како што се шпекулираше во медиумите, туку дека гласот во пораката е навистина нејзин.

„Зошто сите мислат дека тоа е вештачка интелигенција? Така ли звучеше? Секој што ме познава знае дека тоа бев јас. Се разбудив пред настап и видов дека ми испрати гласовна порака. Мислев дека повторно е некоја шега во негов стил. Ме прозиваше со години и тогаш си реков: „Ајде, дојди кај мама!“, но тој беше љубезен и доби убав и интересен одговор. Гледам дека е вирално. Како и секоја сериозна и постара тетка, морав да му кажам што му кажав. Би сакала да одам во тој негов лајв. Мојот менаџмент не е за тоа, тие мислат дека е несериозно за мене, но мислам дека би бил најгледаниот во живо досега. Би сакала да видам како ќе се однесува додека седам до него. Дали ќе биде брзопотезен или ќе си најде рамен на себе“, рекла Ј. К.

Да потсетиме, во таа аудиопорака Јелена на Јутјуберот му го кажа следново:

„Добро вечер Бака, мислам Прасе, институцијо! Ова не е мојот секси глас, само што се разбудив затоа што одам на настап, па ќе се подготвувам. Секако дека ќе дојдам. Го очекував овој повик, само што ќе морам после да те е‘ам… знаеш, како оди тоа со нас постарите тетки“, вели поп ѕвездата во пораката.