ПопуларноСелебрити

“Дајте ја оваа прилика на било кој разведен маж, па побарајте ме” – Том Брејди одговори на критиките во врска со неговиот распаднат брак

Неодма се одржа “Роустот” на Том Брејди во кој имаше безброј навреди во сите насоки, бидејќи тоа е всушност целта на целиот настан.

Покрај понижувањето на Ким Кардашијан на настанот, понижена се осеќаше и поранешната жена на Брејди, Жизел Бундхен откако голем дел од времето беше насочено кон нејзиниот поранешен брак со спортистот.

Всушност секој што учествуваше имаше некоја шега која што асоцираше на поранешниот бракот на Брејди, а на јавноста тоа баш и не и се допадна.

Имено, Кевин Харт најпрво го исмејуваше Брејди поради новото момче на Бундхен, нејзиниот џиу-џитсу тренер Хоаким Валенте. Заедно со Харт, Ники Глејзер исто така тргна по Брејди и неговиот развод, исмејувајќи ја НФЛ ѕвездата, кажувајќи: „Имаш седум шампионски прстени. Уствари осум откако Жизел ти го врати нејзиниот“.

Жизел Бундхен исто така се огласи по настанот изјавувајќи дека е “повредена и разочарана”.

По големиот притисок од јавноста, Том Брејди одлучи да даде изјава во врска со целиот настан.

“Само да потврдам дека ја разбирам целава “лутина”. Нетфликс ми понуди 25 милиони долари да се појавам на настан кај што комедијанти ќе прават шеги базирани на фактот дека мојата поранешна жена ме изневери со нејзиниот џиу-џитсу инструктор, и луѓе се во бунило како сум можел да прифатам такво нешто.”

“Па дадете ја оваа прилика на било кој разведен маж, па побарајте ме”