ПопуларноСелебрити

Двејн “The Rock” Џонсон е обвинет за трошоци вредни 50 милиони долари откако доцнел 8 часа за снимање

Двејн “The Rock” Џонсон е еден од најпознатите и најсаканите актери во целиот Холивуд, но според некои гласини, тој бил многу тежок за соработка

Џонсон има репутација како една од ѕвездите што најмногу работат. А тоа го потврдува и неговото импресивно резиме.

Од франшизата „Брзи и бесни“ до „Џуманџи“, неговиот филмски запис исто така е прилично разновиден.

Следниот проект на Џонсон, “Red One”, треба да излезе во ноември 2024 година – но се чини работите не се баш во ред.

Станува збор за новогодишен филм во кои Дедо мраз е киднапиран и Џонсон треба да го спаси Дедо мраз пред нова година.

Првично планирано да се прикажува за време на божиќната сезона во 2023 година, режисерот ги обвини минатогодишните работнички штрајкови за одолговлекувањето.

Но како што се пренесува, вистинска причина за тоа е многу по сериозна.

Имено, луѓе блиску до филмот изјавија за медиумите дека Џонсон се појавил дури осум часа доцна на снимањето на филмот, во суштина принудувајќи ја екипата да се фокусира премногу на него.

Наводно ова однесување на Џонсон предизвикало трошоци од 50 милиони долари.

Сепак, во изјава дадена за “The Wrap”, портпаролот на Amazon MGM негираше дека има какви било проблеми со “Red One” или какви било одложувања предизвикани од доцнењето на Џонсон.

„Двејн Џонсон и Севен Бакс беа неверојатни партнери на Red One – филм што публиката од сите возрасти ќе го сака оваа празнична сезона“, рече портпаролот.

„Нашето тестирање беше многу силно – реакцијата од CinemaCon зборува сама по себе – и не можевме да успееме без постојаната работа и поддршка на Двејн.

„Секое известување што имплицира дека дојдовме до овој момент кога тој доцни седум до осум часа на снимањето е и смешно и лажно“.