ПопуларноСелебрити

Ким Кардашијан е подготвена за лето во новата секси кампања за костими за капење SKIMS

Ким Кардашијан, икона на реалните шоу-а и претприемач, го дочекува летото со нова жешка колекција на костими за капење за SKIMS.

43-годишната Ким блесна на жешките фотографии направени од познатиот британски фотограф Ник Најт, а стилизирани од Карин Ројтфелд. Во оваа кампања Ким се појавува во црно-црвени парчиња, вклучувајќи нови змиски принтови. Таа носи монокини без прерамки, создавајќи смели и секси комбинации.

Ким и Клое уживаа на одморот во нови парчиња

Според официјалното соопштение, Најт е избран да ја „долови колекцијата во стил кој потсетува на неговите класични и авангардни модни кампањи од 2000-тите“.

Покрај возбудливата кампања, Ким и нејзината сестра Клое Кардашијан неодамна летуваа на Туркс и Каикос, уживајќи на плажа во парчиња со змиски принт. Ким изгледаше одлично во триаголно бикини, додека Клое се одлучи за едноделно со висок крој.

Цените на парчињата од колекцијата започнуваат од 40 евра за горниот дел од бикини и 37 евра за долниот дел. Едноделните костими за капење се движат од 89 до 95 евра.