Селебрити

(ФОТО) Тоби Мегваер во врска со 29 години помлада актерка? Се огласи неговата поранешна жена!

Актерот Тоби Мегваер неодамна беше фотографиран во друштво на 29 години помладата актерка Лили Чи, поради што стана мета на критики на јавноста.

Фотографиите поттикнаа гласини дека 49-годишниот актер, најпознат по улогата на „Спајдермен“, е во врска со 20-годишната актерка. Неговата потенцијална романса налути многу обожаватели, а ова се само дел од коментарите

„Спајдермен излезе една година пред да се роди, ова е лудост“, гласи еден коментар.

„Тој навистина ме разочара“, прочита друг.

И тогаш поранешната сопруга на Тоби Мегваер застана на негова страна.

Џенифер Мајер даде остар одговор на прашање од корисник на Инстаграм.

„Зошто Тоби е во врска со девојка која е само три години постара од нивната ќерка?

На ова следеше одговорот на поранешниот …

„Нормално, јас не одговарам на вакви глупости, но тој љубезно и помогна на другарката да и го врати автомобилот. Беше добро момче. Сега го напаѓаат на интернет затоа што е со некој што не е. Луѓето не треба да веруваат во се што ќе прочитаат ,” таа напиша. .

Инаку, парот беше во брак девет години и имаат две деца, 17-годишната ќерка Руби Свитхарт и 15-годишниот син Отис Тобијас.

Дали стварно “и помагал да стигне до автомобилот” останува да видиме