Селебрити

Џенифер Лопез ги разочара своите фанови со нова објава на Инстаграм

Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави “стори” во кое позира нашминкана, а нејзините густи кадрици и паѓаат преку рамениците.

Тоа веројатно малку ги разочара нејзините фанови и корисниците на социјалните мрежи, кои се надеваа дека наместо селфи на кое ништо не пишува, пејачката ќе објави дека се разведува од Бен Афлек, пишува Дејли Мејл.

Нејзините обожаватели веднаш ја забележале украсената новогодишна елка во позадина и наметката од дебел материјал и заклучиле дека тоа е фотографија од нејзината архива направена минатата зима.

За потсетување, Лопез поднесе барање за развод на 2-годишниот брак со Бен Афлек во Лос Анџелес во вторникот, на 20 август, што се совпаѓа со годишнината од нивната венчавка во Рисборо, Џорџија во 2022 година. Разводот дојде по неколкумесечни шпекулации за брачни проблеми.

Заедно со документите за развод, Џенифер поднела и барање за промена на презимето. Иако сите со децении ја познаваат само како Џенифер Лопез, пејачката го зела презимето на Бен, па нејзиното легално име било Џенифер Лин Афлек во последните две години.