Спорт

(ВИДЕО) Класата е вечна: Кавани на 37 години дава голчишта со ножички

Легендарниот Единсон Кавани, познат и како Ел Матадор, ужива во Аргентина каде на 38 години игра во дресот на култната Бока Јуниорс.

Уругваецот се скраси во Буенос Аирес каде моментално игра во одлична форма, оваа сезона има шест голови во девет настапи. Последните два гола ги постигна против Централ Норте во купот, а посебно спектакуларен беше тој каде што со ножички го матираше противничкиот голман.

Кавани на лето 2023-та година се врати во Јужна Америка после 16 години, откако во 2007-ма го напушти својот матичен клуб Данубио и потоа воодушевуваше во дресовите на Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а последна станица во Европа му беше Валенсија.

Кавани во својата голема кариера постигна повеќе од 400 гола и беше најдобар стрелец во историјата на ПСЖ додека рекордот не го урна Килијан Мбапе, а според неговите зборови ја избрал Бока бидејќи освен Наполи, сакал да дели уште еден клуб со Диего Марадона.