Спорт

(ВИДЕО) Роналдо се изнервира, ја бркаше судијката, па го бришеше половиот орган со противнички дрес!

Срамниот потег на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во моментот кога му фрлија дрес од противничкиот тим стана вирален.

Ал Хилал го победи Ал Наср на Кристијано Роналдо со 2-0, во натпревар кој беше одигран во рамките на пријателскиот Ријад Куп.

Кристијано од доаѓањето во Саудиска Арабија со своите соиграчи не може да го победи најголемиот ривал, па бил фрустриран и направил нешто што згрозило и разочарало многумина.

Имено, еден од навивачите пред него фрлил дрес од Ал Хилал додека Португалецот одел накај соблекувалната. Фудбалскиот „суперстар“ брзо го земал дресот од земја, и потоа со него го избришал својот полов орган, што јасно се гледа на снимката која го „запали“ интернетот.

И тоа не е сè! Во неколку наврати гестикулирал кон судијата Тори Пенсо, инаку жена, да го напушти теренот, очигледно незадоволен од нејзините одлуки и жолтиот картон кој му го доделила.

https://twitter.com/Joshua_Ubeku/status/1755708248001298458?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1755708248001298458%7Ctwgr%5Ef78e3ec881cb3d46fc336fd106a113ec72adfea8%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F472072%2Fvideo-ronaldo-go-zgrozi-svetot-mu-frlija-dres-od-publika-a-vaka-reagirase

Многумина сметаат дека Роналдо и тоа како се избламирал со примитивното однесување, кое, рака на срце, не беше својствено за него додека играше во Европа.