Спорт

Девојката на Дани Олмо има турбулентно минато. Нејзиниот партнер завршил во затвор, се развела па се омажила за друг

Лаура Шмит ужива најголема популарност досега, а причината за тоа е дефинитивно тоа што таа е понежната половина на фудбалерот на Лајпциг и шпанската репрезентација …

Фудбалерот на Лајпциг и шпански репрезентативец Дани Олмо неодамна преку социјалните мрежи објави дека е среќно вљубен во тиктокерката Лаура Шмит. Тој ја сподели радосната вест со заедничка фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, а неговата поубава половина, според другите медиуми, ја шокирала германската јавност кога проговорила за своето бурно минато и го коментирала самиот Олмо.

– Ова е мојата прва здрава врска. Тој е толку голема личност што не можам да верувам. Тој е нешто многу, многу посебно. Како да сум со мојата најдобра другарка – изјави таа за шпанскиот репрезентативец за Билд. Покрај тоа, инфлуенсерката додала дека имала непријатни искуства со мажи. 24-годишната девојка од Берлин откри дека нејзиниот поранешен сопруг имал нарцисоидни особини, но дека сепак се омажила за него.

– И јас не бев ангел, бев и злобена. Беа тешки две години … Тоа беше навистина најлошото и најдоброто нешто што ми се случи, научив многу од тоа – изјави таа во поткаст. По разводот, вели таа, изгубила се, работела како келнерка и доставувала весници, а потоа станала ѕвезда на ТикТок. Сепак, нејзиниот поранешен сопруг не бил единственото „лошо“ момче со кое била. Имено, нејзиното прво момче завршило во затвор кога таа имала 15 години, но таа ја продолжила врската со него уште една година.