ПопуларноСпорт

Македонија доби така-така групиче за во Лига на Нации

УЕФА вечерва ја одржа ждрепката за следното издание на Лигата на Нации кое почнува за осум месеци.

Македонија ги избегна фаворитите во Ц лигата на Лигата на Нации, Шведска и Романија, и си доби противници по мерка.

Ерманија сме ја победувале, Фарските острови не се некоја фудбалска селекција да речеш, а во ЕВРО квалификациите пред 5 години Летонија ја победувавме два пати, и во Скопје, и во Рига.

Во продолжение можете да ги видите сите групи во Лигата на Нации:

Лига А:
Група 1: Хрватска, Португалија, Полска, Шкотска
Група 2: Италија, Белгија, Франција, Израел
Група 3: Холандија, Унгарија, Германија, Босна и Херцеговина
Група 4: Шпанија, Данска, Швајцарија, Србија

Лига Б:
Група 1: Чешка, Украина, Албанија, Грузија
Група 2: Англија, Финска, Ирска, Грузија
Група 3: Австрија, Норвешка, Словенија, Казахстан
Група 4: Велс, Црна Гора, Исланд, Турција

Лига Ц:
Група 1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија
Група 2: Романија, Косово, Кипар, Литванија/Гибралтар
Група 3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија
Група 4: Ерменија, Фарски Острови, Македонија, Летонија

Лига Д:
Група 1: Литванија/Гибралтар, Сан Марино, Лихтенштајн
Група 2: Малта, Андора, Молдавија

Натпреварите се играат на 5-ти и 8-ми септември, па третото и четвртото коло на 10-ти и 13-ти октомври, а групната фаза завршува со два натпревари на 14-ти и 17-ти ноември.

За да ја минеме групата и да играме во 1/4 финале треба да завршиме на една од првите две позиции.