Спорт

“Повелете медали, сами поделете си ги” – Шпанската фудбалска федерација ги остави жените на Барселона без да им ги доделат победничките медали!

Женскиот состав на Барселона вчера беше победник на шпанскиот куп со убедлива победа над жените на Реал Сосиедад со резултат од 8-0.

И покрај понижувањето на Реал Сосиедад, контраверзиите почнаа на крајот од натпреварот откако Шпанската фудбалска федерација одлучи да ги остави женските без медали, па мораа да си ги доделат самите.