ПопуларноСпорт

Пол Погба казнет 4 години од професионален фудбал!

По најновите вести, на Пол Погба фудбалската кариера е речиси готова. 30 годишниот фудбалер беше фатен за допинг и го чека 4 години казна од фудбалските терени

Светскиот првак Пол Погба кој своевремено беше најскапиот фудбалер во светот во Манчестер Јунајтед, неславно ке ја заврши кариерата. Тој паднал на допинг тест во Август 2023 и како резултат на тоа казната од професионален фудбал е 4 години.

Како што кажуваат медиумите, Погба тестирал позитивен за тестостерон после првиот натпревар од сезоната на Јувентус против Удинезе и доби голема казна од антидопинг агенцијата во Италија.

Адвокатите на Погба имале одбиено договор за спогодба и помала казна со цел да пробаат да извадат помала казна за Погба, тврдејќи дека тој по грешка ја консумирал супстанцијата што го направила тестот позитивен.

Но за несреќа на Погба, обвинителот не бил толку наивен и не верувал во одбраната на фудбалерот, и по подолга истрага е потврдена казната од 4 години! Погба изјави дека ке поднесе жалба до судот но работите не изгледаат добро за францускиот интернационалец.

Изјавата на Погба по одлуата:

„Тажен сум, шокиран и со скршено срце што ми е одземено се што изградив во мојата професионална играчка кариера. Кога ќе се ослободам од законските ограничувања, целата приказна ќе стане јасна, но никогаш свесно или намерно не сум земал недозволени супстанции кои ги прекршуваат анти-допинг прописите.

„Како професионален спортист никогаш не би направил ништо за да ги подобрам своите перформанси со користење на забранети супстанции и никогаш не сум ги измамил колеги спортисти и поддржувачи на кој било од тимовите за кои сум играл или против”

„Поради одлуката објавена денеска ќе се жалам на ова пред Судот за спортска арбитража.”

Погба следниот месец полни 31 година што значи дека би се вратил на фудбалските терени со скоро 35 години.