Спорт

Се двојат патиштата на Рома и Жозе Мурињо

Шеесетиот тренер на Рома Жозе Мурињо денес беше отпуштен од менаџерска позиција на римската волчица. По скоро 3 години во жешкото столче беше донесено одлука од римското раководство да дојде до отпуштање на Мурињо.

Во текот на неговиот престој, од вкупно 138 натпревари, тој победи 68, изгуби 39, и имаше 31 нерешени натпревари, односно 49.3% успех.

„Би сакале да му се заблагодариме на Жозе во име на целиот клуб за неговите успеси и емоции што ги донесе во клубот од неговиот прв ден“, изјавија газдите на Рома, Ден и Рајан Фридкин. Понатаму продолжија „Засекогаш ке ни останат во меморија убавите спомени кој Мурињо ги направи возможни, но за жал, во моментов мислиме дека веднаш раскинување на врската е во најголем интерес на клубот. Му посакуваме сè најдобро на Жозе и на неговите асистенти.“

Со Жозе Мурињо, Рома стигна до повеќе финалиња во европски натпреварувања во двете години на чело со Жозе одошто има стигнато во задните 94 години од нивното постоење. Во 2021/22, Рома ја победи Европа конференциската лига, што претставување прв европски пехар во историјата на клубот.

Според Фабрицио Романо, Рома се заинтересирани за ангажманот на римската клупска легенда Даниеле Де Роси кој своевремено беше капитенот на римската волчица.

Според информациите Де Роси е заинтересиран за враќање во Рим и била една од неговите желби којашто сакал да се исполни.