Спорт

Трент Александер-Арнолд на метата на Реал Мадрид?

Реал Мадрид наводно ја следи ситуацијата со договорот на Трент Александер-Арнолд со Ливерпул откако дефанзивецот сеуште нема потпишано нов договор.

Според Фабрицио Романо, Лос Бланкос го следат англискиот репрезентативец, чиј договор истекува во 2025 година. Тој тврди дека досега немало „разговори“ за продолжување на договорот, но „црвените“ немаат „желба“ да го продадат 25-годишниот бек.

Откако менаџерот Јирген Клоп најави дека ќе го напушта клубот на крајот на сезоната, Ливерпул се приближува кон нова и малку неизвесна ера. На другите клучни играчи како Вирџил ван Дијк и Мохамед Салах исто така им истекува договорот на „Енфилд“ следната година, што значи дека може да има егзодус на „Енфилд“.

Александар-Арнолд, кој може да игра како десен бек, десен крилен бек или во средниот ред, одигра 302 настапи за Ливерпул каде што постигна 18 гола – од своето деби во сезоната 2016/17. Како и многумина, тој ќе се бори да влезе во тимот на Англија за Европското Првенство ова лето; но прбо се надева дека повторно ќе ја освои англиската премиер лига.

Дефанзивецот е надвор од терените поради повреда на коленото од 10 февруари, но ќе се надева дека ќе се врати на време за да има удел во трката за титулата на Ливерпул.