Спорт

(ФОТО) Роналдо и син му не скокаат ден во теретана

Кристијано Роналдо моментално игра за саудиски Ал Наср. Сè уште е еден од најдобро подготвените фудбалери на светот, најмногу благодарение на посветената работа надвор од теренот.

Денеска легендарниот португалски напаѓач објави две фотографии со синот Кристијано Џуниор , кој иста така е во одлична форма.

„Денеска со својот партнер“, напишал Роналдо во описот на фотографијата која добила бројни позитивни коментари.

Синот на Роналдо исто така е голем фудбалски фанатик и изгледа дека оди по чекорите на својот татко. Роналдо вчера за Ал Наср постигна гол во победата над Ал Феиха во азиската Лига на шампиони, а за три дена неговата екипа ќе игра против Ал Шабаб во саудиското првенство.