Технологија

Илон Маск успешно ја лансираше најмоќната и најголема ракета на светот

„SpaceX“ денеска од трет обид успешно ја лансираше „Starship“, најмоќната ракета на светот, клучна за плановите на НАСА чија цел е превоз и слетување на астронаути на Месечината и подалечни дестинации подоцна оваа деценија, како и за исполнување на надежта Илон Мас за можно населување на Марс.

Двата претходни обиди завршиле со спектакуларни експлозии, иако тоа и не било лошо искуство, бидејќи компанијата усвоила брз пристап на методите за обиди и грешки за да го забрза развојот, а таа стратегија во минатото резултирала со успех.

Лансирањето од лансирната локација на компанијата се случила во околу 13 часот по средноевропско време, откако Сојузната управа на воздухопловството (FAA) вчера дала зелено светло за тоа.

Кога ќе се спојат двете фази на „Starship“, ракетата е висока 121 метар и со висината го надминува Статуата на слободата. Неговиот „Super Heavy Booster“ при лансирањето произведува 74,3 мегањутни потисок, што е речиси двојно повеќе од втората најголема ракета на светот, „Space Launch System“ на НАСА.

Третиот тест на „Starship“ во целосно сложена конфигурација ќе биде најамбициозен досега. Освен што треба да оди подалеку и повисоко, меѓу целите се отворање и затворање на вратите на „Starship“ за корисен товар за да се тестира нејзината способност за испорака на сателити и друг товар во вселената.