Технологија

Омилената сонда на НАСА се врати од мртвите: Војаџер 1 повторно испраќа податоци

Фактот дека 47 години по лансирањето на Војаџер 1, кој требаше да биде во петгодишна мисија за проучување на Јупитер и Сатурн, сè уште функционира, е голем успех не само за НАСА, туку и за науката.

Иако сите веќе го отпишаа и се збогуваа со него уште во ноември 2023 година, откако Војаџер 1 престана да испраќа разбирливи податоци, НАСА објави дека оваа сонда „се вратила од мртвите“.

Како што истакнуваат, „Војаџер 1“ почна да испраќа податоци за својот статус во април, а податоците од двата научни инструменти во мај. Војаџер 1 очигледно се враќа на работа и продолжува да ја истражува вселената на повеќе од 15 милијарди милји оддалечена од Земјата.

Научниците добиваат податоци за плазма бранови, магнетни полиња и вселенски честички, а инженерите, на кои не им е лесна задача да го одржат Војаџер 1 во живот, ќе мора да се справат со проблемите со софтверот за тајминг.

Но, фактот дека 47 години по лансирањето на Војаџер 1, кој требаше да биде во петгодишна мисија за проучување на Јупитер и Сатурн, сè уште функционира, е голем успех не само за НАСА, туку и за науката.