Технологија

Работник кој 15 години бил на боледување ја тужел компанијата бидејќи не му дала покачување на платата

Човек кој бил на боледување од 2008 година се обидел да ја тужи компанијата во која бил вработен, откако тие одбиле да му дадат покачување додека тој не работел.

Иан Клифорд, од Обединетото Кралство, бил вработен во технолошкиот гигант IBM, но не можел да работи кај нив 15 години бидејќи бил на отсуство за ментално здравје од 2008 година. Компанијата постигна договор со Клифорд, според кој тој остана вработен во IBM, но без обврска за работа.

Во 2013 година, тој беше ставен на план за попреченост откако се пожали дека не добил покачување откако ја напуштил работата. Планот беше дизајниран да се осигури дека вработените добиваат три четвртини од договорените плати, што значело дека Клифорд добива годишна плата од 54.000 фунти (70.447 долари) – и покрај тоа што не работел ниту еден ден во последните 15 години.

Според извештаите, тој ќе продолжи да ја добива оваа сума до 65-годишна возраст, која ќе изнесува повеќе од 1,9 милиони долари. Но, тоа не било доволно за Клифорд, кој поднел тужба за дискриминација на лице со попреченост против IBM. Тој бил незадоволен што неговата плата не се зголемила во последните 10 години и се обидел да ја тужи компанијата.

Клифорд вели дека бил третиран „неповолно“ бидејќи не добил покачување на платата од 2013 година и предупреди дека „вредноста на исплатата наскоро ќе опадне“ поради високата инфлација. Тој за Телеграф во 2023 година изјави : „Целта на планот беше да се обезбеди сигурност за вработените кои не се способни за работа – ова не е постигнато ако плаќањата се замрзнат засекогаш“.

Сепак, работите не одеа во корист на Клифорд, откако трибуналот за вработување го отфрли неговото барање. Во отфрлањето на случајот, судијата Пол Хаусго рече: „Активните вработени можат да добијат покачување, но неактивните вработени не можат, што е различно, но, според мене, не е штета предизвикана од нешто што произлегува од попреченоста.

„Се тврди дека отсуството на покачување на платата е дискриминација поради инвалидитет бидејќи е понеповолен третман од оној што го добиваат лицата без попреченост.

„Ова барање не е одржливо бидејќи само лицата со попреченост можат да го користат планот. Не е дискриминација тоа што планот не е подарежлив“.

Судијата тврдеше дека дури и ако вредноста од 50.000 долари годишно се преполови за триесет години, тоа сепак ќе биде многу „значителна добивка“.

Линкдин профилот на Клифорд вели дека тој е „медицински пензиониран“ од 2013 година, пишува „Унилад“.