Технологија

“Старлајнер” слета на земјата, но без астронаутите кои се уште се во вселената! (ВИДЕО)

Вселенското летало Боинг Starlier, конечно се врати на Земјата, повеќе од три месеци по лансирањето на планираната 10-дневна мисија откако не можеше да се одвои од Меѓународната вселенска станица

„Старлајнер безбедно се врати. Честитки до целиот тим што ја заврши мисијата со успешно лансирање, деорбитирање и слетување. Старлајнер уште еднаш покажа дека може да изврши безбеден лет до и од вселената“, изјави Лорен Бренек од НАСА.

Слетувањето беше долго одложено, бидејќи поминаа повеќе од три месеци откако Калипсо беше испратена на својата орбитална мисија, која првично се очекуваше да трае околу 10 дена. Starliner отиде во вселената со астронаутите на НАСА Сунита Вилијамс и Буч Вилмор, но двајцата сè уште не се вратиле дома.

„Слетувањето беше совршено. Ако имавме модел кој можеше да го предвиди, за да биде совршено како што видовме вечерва, одлуката да имаме лет со екипаж ќе беше лесна… Но, не го направивме тоа“, рече Стив Стич, менаџер за комерцијални летови на НАСА на прес-конференција одржана по слетувањето на Starliner.

Откако станаа јавни несогласувањата помеѓу Боинг и Наса, Никој од Боинг не присуствуваше на конференцијата.

Starliner на Boeing, наместо да слета на површината на водата, како Space X Crew Dragon (леталото со кое ќе оди да ги спаси заробените астронаути) и други капсули од програмата на НАСА Меркур, Starliner удри на суво – на пистата на Space Harbor во Ново Мексико.

Одлуката да слета на копно беше очекувана, бидејќи Боинг се одлучи за дизајн кој одговара на копно, а не на океан.