Технологија

(ФОТО) И тоа има: Се појави банкомат на најлудото место и ги збуни сите

Случајни минувачи, веслачи и тркачи … застануваат и гледаат за што станува збор. Кога ќе се доближат, сфаќаат дека тоа не е вистински банкомат …

Уметничката инсталација на банкомат, која му се припишува на уметникот Импро, може да се види прикачена на мостот Сонинг во јужна Британија, пренесува Ројтерс.

Случајни минувачи, веслачи и тркачи … застануваат и гледаат за што станува збор. Кога ќе се доближат, сфаќаат дека тоа не е вистински банкомат. Претходно, уметникот Импро постави телефон, поштенско сандаче, врата на мостот.

– Одлична идеја. Го разигра мостот. Тоа му служи како место за неговите идеи и изложби – рекла една Британка.

За Импро се познати малку лични информации, освен дека живее во Оксфордшир. Во ретко интервју за “BBC”, тој во 2014 година изјави дека неговата уметност е инспирирана од неговото верување дека луѓето се охрабруваат да го сфатат животот сериозно „и покрај фактот дека тој е апсурден и трагичен“.