Технологија

(ФОТО) Фотографија од „човечко месо“ во продавница ги шокираше корисниците на социјалните мрежи! Еве што се крие зад ова

Фотографијата на која наводно се гледа месо во облик на човечки раце, всушност е дело на вештачката интелигенција.

На интернет можете да најдете секакви работи, корисни и ужасни и страшни, а веруваме дека оваа најнова спаѓа во втората група.

Фотографијата на која се „вакуумирани човечки дланки“ ги згрози сите што ја видоа и секако стана тема на коментари.

– Продавница за човечко месо – пишува покрај фотографијата на Фејсбук, која многумина ја споделија на други социјални мрежи.

“Човечко месо на пазарот”, “Mесо одгледано во лабораторија може да има каква било форма“, “Не мислиме на ова кога велиме: подај ни рака, гласат некои од коментарите.

Сепак, секое пребарување покажува дека тоа се слики создадени со технологија, а не вистински фотографии.

Оваа слика веројатно е создадена со помош на вештачка интелигенција. Шансата дека вештачката интелигенција стои зад неа е 73,22 отсто, додека можноста дека е човечка работа е 26,78 отсто, покажува платформата “Is It AI”.

Пребарувањето на Google покажува дека сликата првично била поставена на Фејсбук страницата Ник Арт. Администратор на страницата е креаторот на дигитална вештачка интелигенција Ладислав Кудела, кој изјави за Ројтерс дека сликата е создадена со помош на Midjourney AI.

– Ја користиме страницата за објавување контроверзни слики за да им покажеме на луѓето за што е способна вештачката интелигенција – вели тој.

Дополнително, многумина во коментарите напишале дека на прв поглед е јасно дека тоа не се човечки раце, бидејќи не може да имаат месо кое изгледа така.