Хороскоп

Кои хороскопски знаци се најдобри пријатели: Овие луди парови ќе ве изненадат

На сите им треба тој еден пријател со кој гледате очи во очи, кој ве брани и поддржува пред светот, а потоа приватно ве критикува – со кој можете да се шегувате како ќе остарите заедно.

Верувале или не, вашиот хороскопски знак има пријателски партнер во светот на астрологијата. Можеби не одговара на вашиот реален живот во моментов, но имајте на ум дека овие знаци се споени со тоа што се најкомпатибилни.

Ајде да погледнеме кои се овие знаци, кои се вистинскиот тандем на пријателството. Кажете ни во коментар кој е вашиот најдобар пријател и дали се совпаѓа со оваа листа.

Овен

Најдобар пријател: Овен

Да, точно е дека Овенот има силна личност. Можеби изгледа смешно, но кој може да ги поддржи вашите големи идеи, вашата желба да го видите светот и вашето живо срце, повеќе од некој што исто така го доживува? Убаво е чувството да се биде вистински разбран и сигурно тоа долго време го барате. Знајте дека таквото пријателство е многу блиско.

Бик

Најдобар пријател: Риби

„Риби?!“ – Знам што мислиш – не би можел да бидеш најдобар пријател со Риба. Но, постои разлика помеѓу познанство и пријателство. Ако престанете да се држите до првото нешто што не ви се допаѓа и ако престанете да создавате бариера помеѓу вас и светот, ќе откриете дека можете многу да научите еден од друг.

Близнаци

Најдобар пријател: Стрелец

Понекогаш, Близнаци, ви треба некој да ве извлече од вашата „школка“. Можете да зборувате за големи акции, но да се делува е сосема друга приказна. Кога имате пријател способен да ве вовлече во своите авантури, да ве одведе во виорот на свежи искуства, немате друг избор освен да ги проширите своите хоризонти.

Рак

Најдобар пријател: Скорпија

Знам дека ова звучи како почеток на шега, за оние од вас кои сè уште ги доживуваат Скорпиите како ладнокрвни кон сите освен самите себе и Раковите кои се… спротивното. Вие двајца сте слични во повеќе од само вашата способност да чувствувате. Скорпиите, иако на прв поглед изгледаат како самобендисани, се навистина одлични слушатели. Не само што ќе бидат доверливи, туку и ќе се сетат на она што го кажувате, а потоа за возврат ќе ви дадат навистина добар совет што, искрено, сите знаеме дека ви треба.

Лав

Најдобар пријател: Рак

Лаву, ти треба малку вода да се оладиш. Нема подобар знак да барате од Рак, кој не само што ќе ве држи под контрола, туку ќе ве натера да се запрашате зошто на прво место се однесувате толку жестоко. Има вредност во изразувањето на вашите емоции, а особено е важно да имате безбедно место за тоа и некој кој е тука за да ја пронајде таа опуштена страна од вас.

Девица

Најдобар пријател: Водолија

Ова во никој случај не е совршено пријателство. Неизбежно, вие двајца ќе се напнувате на нерви, ќе се расправате тврдоглаво за вашите верувања и нема да се согласувате за вистинскиот начин да го решите проблемот. Но, суштината на вашата врска е ова: вие се инспирирате еден со друг да бидете подобри. Заедно, можете да го промените светот.