Храна и Здравје

Бабичкава има 100 и кусур години и тврди дека никогаш не била болна: Еве која намирница е тајната за нејзиниот долг живот

Вирџинија Оливер уште од мали нозе лови ракови, речиси еден век, а и ова лето планира повторно да биде активна на тоа поле.

Таа ја обновила лиценцата за лов на нив, која трае од јуни до октомври и ова лето ќе оди во лов на нив. Оваа силна старица открива дека сака да престојува на вода и самата себеси да си биде „газдарица“.

Вирџинија е родена далечната 1920 година, а на јавноста ѝ станала позната по појавувањето на документарниот филм за неа, наречен „Conversations with The Lobster Lady“.

Љубовта кон оваа активност ја открила уште како девојче, работејќи со нејзиниот татко, а подоцна и со сопругот – дури и во време кога жените ретко се занимавале со оваа работа.

Активно работи на море


Деновиве Вирџинија работи со својот 81-годишен син Максвел на брод кој го носи нејзиното име, додека ги фрлаат своите мрежи крај брегот на Рокланд, Мејн и се надеваат на добар улов, пренесува „Today“.

Таа и нејзиниот син своите должности во текот на ловот внимателно ги распределуваат, така што тој ги влече замките додека Вирџинија ги полни вреќите со мамки и ги мери јастозите.

Доколку ракчињата се мали, тие се фрлаат назад во водата.

Во документарецот каде што се појавува таа открива како возела автомобил до 103-тата година од животот. Оваа баба е во совршено здравје и живее со својот син.

Иако многумина признаваат дека генетиката игра улога во доброто здравје и долговечноста, таа открива дека начинот на живот и те како е многу важен бидејќи нејзините родители починале во своите 50-ти и 60-ти години.

Многу се движи


Оливер открива дека е важно да се биде активен, бидејќи во спротивно ќе заглавите во инвалидска количка. Отсекогаш била ранобудна и работи три дена неделно со својот син, а во нивниот поход одат пред излегување на сонцето, па таа мора да се буди во три часот наутро.

Практикува здрав живот

Никогаш не запалила цигара, ниту пиела алкохол. На нејзиното мени често застапени се јастозите и здравата храна, а кога станува збор за слатките, таа претпочита нискокалорични десерти, кои се полни со протеини, минерали, цинк и калциум, како и витамин Б.

Сепак, сака да јаде сè – па како и многумина е „слаба“ на чоколадото кое брзо ја расположува, а сака и вечера од грав или домашни чоколадни крофни.