Храна и Здравје

Избегнувајте ги овие работи доколку имате висок крвен притисок

Високиот крвен притисок може да доведе до мозочен удар, срцев удар, бубрежна болест, губење на видот и други состојби.

За да ја држите ситуацијата малку под контрола, освен со лекови, можете да си помогнете и со одредени промени во животниот стил.

“Ако ви е дијагностициран висок крвен притисок, промените во животниот стил се клучни. Проценете ја вашата исхрана, телесна тежина и навиките за вежбање”, објаснува диететичарката Марија Елена Фрага за Eating Well.

Фарга истакнува дека има една работа што треба да ја избегнувате доколку имате висок крвен притисок.

„Најважната работа што треба да ја избегнувате ако имате висок крвен притисок е потценувањето на влијанието што вашите навики за јадење можат да го имаат врз нивото на крвниот притисок“, вели диететичарот.

Треба да имплементирате практични навики во вашиот живот кои помагаат да го промените вашиот крвен притисок, како што се ограничување на внесот на натриум, читање етикети за храна и пијалоци, јадење повеќе овошје и зеленчук богати со калиум, почесто готвење дома и избегнување брзи и нездрави оброци.

„Контролата на крвниот притисок бара промени во однесувањето и начинот на живот, за што може да биде потребно време, постојаност и трпение“, истакнува диететичарката Сара Кури.

Покрај тоа што воведува одредени промени во вашиот живот, диететичарот издвоил одредени стратегии кои ќе ви помогнат да ја подобрите состојбата со високиот крвен притисок.

  • Избегнување на пушење
  • Управување со стресот
  • Постигнување здрава телесна тежина
  • Спијте доволно – по можност седум до девет часа сон секоја вечер.