Храна и Здравје

Какао колач од само 6 состојки кој се подготвува за 30 минути!

Овој колач со какао е идеален за сите почетници во готвењето, но и за домаќинките кои сакаат исклучително вкусен и брз десерт

Супер едноставна и изненадувачки вкусна торта од какао се прави за половина час. Послужете го со сладолед и бобинки.

Состојки:

200 гр бело брашно

70 гр какао во прав

1 лажица прашок за пециво

180 гр шеќер

130 мл масло

500 мл врела вода

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180С. Во сад за матење просејте ги брашното и какаото во прав. Додадете прашок за пециво и шеќер и добро измешајте. Истурете го маслото и зовриената вода и измешајте ги сите состојки во тестото за колачот.

Обложете калап за торта со хартија за печење. Истурете го тестото во обложена тава за колачи, ставете ја во рерна и печете ја 30 минути на 180 C. Проверете дали е готово со ставање чепкалка за заби и проверете дали ќе излезе чиста, ако не излезе чиста чепкалката, печете уште 5-10 минути.

Извадете ја тортата и оставете ја да се излади. Послужете со сладолед и свежи бобинки.