Храна и Здравје

Како да не бидете тотален лигуш додека сечете кромид според “експертите”

Сите што сме сечеле кромид знаеме дека е неопходно да се пушти по некоја солза во текот на сечењето. Еве неколку совети од “научникот” за храна Др. Еби Тил доколку сакате да сечете кромид со малку повеќе гордост.

1. Оладете го кромидот

Фрижидерот, замрзнувачот или чинија со ледена вода исто така можат да помогнат.

Замрзнувањето, како и печењето во микробранова, може да ја промени текстурата на кромидот, затоа користете го тој метод само кога подготвувате нешто како супа.

А чувањето кромид во фрижидер може да го намали нивниот вкус рече Тил. Наместо тоа, чувајте го кромидот на ладно и суво место и ставете го во фрижидер или во ладна вода околу 20 минути пред да дојде време за сечкање.

2. Загрејте го кромидот

Топлината може да помогне да се намали испарувањето, па можете да го загреете кромидот во микробранова пред да го исечете.

Во зависност од големината на кромидот, тоа треба да трае од 30 секунди до неколку минути, кажува Тил.

Но, ова се препорачува да го направите само ако правите нешто каде што текстурата на кромидот не е толку важна затоа што користењето на микробранова печка може да ја попречи острината на кромидот. Што значи за салата не помага баш.

3. Додадете киселини

Киселините додадени во кромидот може да помогнат да се намали пецкањето во очите.

Ензимот што ги конвертира аминокиселините во кромидот за да предизвика чувство на пецкање, добро функционира на специфичен опсег на pH. Киселина како лимон или оцет ќе го забави ензимот што создава испарувања што доведуваат до солзи.

Забавувањето на ензимот што предизвикува солзи на кромидот има уште една предност: ја одржува непроменета аминокиселината што му дава на кромидот способност за подобрување на вкусот во рецептот.

4. Запалете свеќи

Доколку сакате во романтична атмосфера да сечете кромид без да плачете, запелете по некоја свеќа.

Некои луѓе се тврдат дека со палење свеќа сечењето кромид е мгноу лесно. Можно е тоа да функционира, рече Др. Тил.

„Сум виделa дека функционира, но навистина зависи од видот на свеќата“, рече Тил. “Може да ги блокира испарувањата, или миризлива свеќа може да има реакција со испарувањата што е корисно.”

Но, тоа не е загарантиран метод, додаде тој.

5. Гризнете парче леб

Дали функционира да држите парче леб или тост во уста за да избегнете плачење или да ги спречите солзите? Тешко е да се каже, рече Тил

Овој метод го намалува чувството на пецкање и на солзи, но не е метод на кој можете да сметате дека ќе работи секој пат.

Тил рече дека не е сигурна за теоријата зад тоа. Тоа може да биде лебот што ја апсорбира пареата или може да биде психолошки, рече таа.

6. Користете Фен

Одличен метод за производство на помалку солзи при сечкање кромид е поставување на вентилатор блиску до вас за да се издува воздухот во близина на зеленчукот, рече Тиел.

„На овој начин ветрот ги носи молекулите кои обично влегуваат во вашето око и водат до солзи“, рече Тил.

7. Ставете Маска

Како вистински експерт, покријте ги очите со маска, советува Др. Тил.

“Кога носам леќи наместо очила, многу ми е полесно да сечам кромид. Имајте негов штит за очите” кажува таа.