ПопуларноХрана и Здравје

Лекарите предупредуваат: Оваа чудна промена е неочекуван знак за дијабетес

Дијабетесот се манифестира со голем број симптоми, од заматен вид до често мокрење и чувство на жед, но малкумина знаат дека еден од симптомите на дијабетесот е лошиот здив.

„Иако е невообичаен, непријатниот овошен мирис во здивот е сериозен знак за дијабетес“, вели др. Ричард Калдероне за “Parada”.

Тоа би можело да биде знак за дијабетична кетоацидоза, потенцијално опасна по живот состојба која се јавува кога телото почнува да ги разградува мастите премногу брзо и крвта станува премногу кисела, според MedlinePlus. Симптомот се јавува почесто кај луѓе со дијабетес тип 1, но др. Калдерон вели дека може да се појави и кај луѓе со дијабетес тип 2, пренесува Индекс.

„Не секој со дијабетес има лош здив, познат и како халитоза“, вели др. Лори Блантон.

Постојат неколку причини зошто дијабетичарите имаат лош здив. Прво, тоа е група на луѓе кои се изложени на поголем ризик од болести на непцата, како што се гингивитис или периодонтитис. Истражувањата покажуваат дека околу една третина од пациентите со дијабетес имаат заболување на непцата.

„Високото ниво на шеќер во крвта, кое често го придружува дијабетесот, може да доведе до вишок шеќер во плунката, која ги храни бактериите во устата, промовира таложење на наслаги и потенцијално предизвикува болести на непцата и расипување на забите. Може да доведе и до лош здив“, забележува др. Калдерон.

„Обично, лошиот здив кај дијабетес тип 2 е симптом на неконтролиран дијабетес“, вели др. Калдерон.

Постојат ситуации кога лошиот здив не е знак на сериозна болест, туку само сува уста. Во секој случај, доколку продолжи, важно е да побарате лекарска помош.